Матичните доктори за денеска најавија предупредувачки протест револтирани како што велат од малиот процент на пари (капитација) што ги добиваат од Здравствениот фонд. Ќе седат во своите ординации но, ќе бидат на располагање само за итните случаи, пренесува Слободен печат.
Тие велат и дека се незадоволни и од, како што велат, игнорантскиот однос од Фондот во врска со нивните барања. Веќе оствариле две средби со министерот за здравство, а попладне ќе имаат средба и со заменикот министер, па се надеваат дека заеднички ќе најдат решение за проблемите во примарното здравство.
Според најавите, денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира.