Покрај редовното законско усогласување на пензиите кое се спроведува два пати годишно, оваа година ќе следува и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери, а начинот на реализација на оваа мерка ќе се донесе низ отворен и инклузивен процес на преговори, со цел да се најде најдоброто и најефикасно решение, пишува во соопштението.
Пензискиот фонд е стабилен и може да реализира ново покачување на пензиите. Новата методологија која ќе се изработи низ овој дијалог ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите. Заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани е врвен приоритет на СДСМ. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети, пишува во партиското соопштение.