ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија

February 23, 2022 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновиот извештај на известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, уште еднаш се бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, а се поздравува и политичкиот поттик за обновениот дијалог меѓу Софија и Скопје, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Потсетувајќи на „потребата да се продолжи темпото и кредибилитетот на европската интеграција, известувачот бара „брзо отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, имајќи предвид дека двете земји ги исполнија потребните услови и испорачаа одржливи резултати во основните области“.

Препораката за брзо отворање на преговорите, според Ќучук, доаѓа со оглед на тоа што „европската интеграција ги претставува аспирациите на граѓаните на Северна Македонија кон демократија и просперитет и служи како моќен катализатор за реформи, со оглед на тоа што земјата е доверлив партнер, кој продолжи да вложува конзистентни напори на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и кон исполнување и одржување на условите потребни за отворање на пристапните преговори; дека  земјата е кандидат од 2005 година; и треба да продолжи со реформите“.

Во извештајот на Ќучук се поздравува постојаниот напредок на Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, нејзината посветеност на мултикултурализмот и меѓуетничката хармонија и нејзиниот континуиран позитивен билатерален ангажман.

Тој меѓу другото ја повикува Северна Македонија да ги одржи и интензивира напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и консолидирањето на слободата на медиумите.

Во извештајот се повикува на понатамошни подобрувања во спроведувањето на правата на самоидентификација, сопствено и инклузивно интеркултурно образование, правата на лицата со попреченост и правата на малцинските заедници.

Притоа се повикани релевантните тела проактивно да ги спречат и систематски да ги гонат сите случаи на говор на омраза, злосторства од омраза и заплашување, темелно да ги истражат поврзаните напади и да обезбедат безбедност на нивните цели, како што се новинарите, луѓето кои припаѓаат на малцинствата и другите ранливи групи.

На крајот Илхан Ќучук, jа поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за евроатлантската безбедност, потоа  зголеменото усогласување на земјата со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ и ја повикува да се усогласи со рестриктивните мерки поврзани со Русија. Притоа се поздравува нејзиниот континуиран придонес во мисиите и операциите на ЕУ за управување со кризи.

Во извештајот бугарскиот европратеник го поздравува тековниот процес на „историско помирување со соседните земји“ и во тој контекст „силно го поздравува политичкиот поттик за обновениот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија и ги охрабрува партнерите да го забрзаат ангажманот со добра волја со цел да се постигне прифатлив компромис, а со тоа да се зближат општествата преку овозможување заедничка иднина во ЕУ“.

Европратениците прв пат ќе расправаат за извештајот на 28 февруари во рамките на Комисијата за надворешни работи, а до 8 март имаат време да поднесат амандмани, по што повторно ќе има расправа на Комисијата за надворешни работи по што ќе се најде на пленарна сесија на Европскиот парламент, каде ќе се гласа.

Извор: МИА

Next Post

Маричиќ – Телатин: УНОПС продолжува со проектна поддршка на нашата реформска агенда

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk