ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицотакис го поддржува свикувањето на првата Меѓувладина конференција на Албанија и Северна Македонија со ЕУ

February 23, 2022 17:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се согласивме да работиме заедно за што е можно поскоро да се свика првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со неговиот романски колега Николае Чиука за време на официјалната посета на Романија, јави дописничката на МИА од Атина.

Западен Балкан била една од темите за кои разговарале двајцата премиери, кои изразија силна поддршка за европската перспектива на регионот.

– Имавме можност да разговараме за случувањата на Западен Балкан. Апсолутно се согласуваме дека местото на Западен Балкан, на сите држави од Западен Балкан е во Европа и можеме да работиме заедно за да го олесниме овој тек. Се согласивме да работиме заедно за што е можно поскоро да се свика првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија, порача Мицотакис.

Романскиот премиер Чиука пак соопшти дека во однос на проширувањето на Европската Унија, констатирале дека Романија и Грција остануваат активни поддржувачи на овој процес, кој мора да напредува врз основа на заслугите на земјите кандидати.

– Нашите ставови се поклопуваат, проширувањето е геостратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на целиот европски континент, истакна романскиот премиер.

Чиука и Мицотакис, разговараа и за низа други теми, како ситуацијата во Украина, но и прашања од взаемен интерес, а потпишаа и заедничка декларација за дополнително унапредување на билатералната економска и политичка соработка Романија – Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во прва официјална посета на Романија, а освен со неговиот романски колега Николае Чиука се сретна и со претседателот на Романија Клаус Јоханис.

Next Post

Спасовски – Брнз: Скопје и Вашингтон со децении негуваат партнерството и одличната соработка

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk