ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите на ЕУ ги усвоија санкциите против Русија, утре специјален самит за украинската криза

February 23, 2022 18:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ го усвои вчера предложениот пакет мерки, како одговор на одлуката на Русија да ги признае регионите Доњецк и Луганск во Украина како независни ентитети и последователната одлука за испраќање руски војници таму, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ, пренесува МИА.

-Таквите одлуки се незаконски и неприфатливи. Тие го кршат меѓународното право, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сопствените обврски на Русија и дополнително ја ескалираат кризата, рече Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

Лидерите на ЕУ утре треба да се сретнат во Брисел на специјален самит за украинско-руската криза, соопшти попладнево претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, јави ДПА.

Во писмото-покана Мишел денеска им се заблагодари на лидерите на ЕУ за нивното неодамна покажано единство „особено преку брзото усвојување на пакетот санкции против Москва“.

Пакетот санкции вчера едногласно беше договорен на специјалниот состанок на министрите за надворешни работи во Париз и официјално усвоен денеска преку писмени изјансувања на сите земји членки.

Европската унија севкупно санкционира 555 поединци и 52 ентитети за кршење на независноста на Украина, но во соопштението објавено во име на земјите-членки се нагласува дека блокот во резерва држи дополнителни мерки, „во случај на потреба“.

Конкретно ЕУ санкциите ќе се применуваат врз  владини министри, високи воени офицери и деловни луѓе од висок профил за нивната улога во „загрозување на територијалниот интегритет“ на Украина, се наведува во специјалното соопштение на ЕУ. Меѓу санкционираните е и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, за ДПА потврдија дипломатски извори.

Меѓу засегнатите цели се наоѓаат и  351 член на рускиот Парламент, кои ја поддржаа одлуката на Москва да ја признае независноста на двата региона, Доњецк и Луганск, во источна Украина, каде украинските владини трупи веќе осум години се борат со сепаратистите поддржани од Русија.

Санкциите ќе стапат во сила по нивното објавување во Службениот весник на Унијата во наредните неколку часа, се додава во соопштението на ЕУ.

Рестриктивните мерки вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за обезбедување средства на наведените лица и институции. Дополнително, забраната за патување што се применува на наведените лица не им дозволува влез или транзит низ ЕУ.

Ограничувањата на економските односи со областите под контрола на сепаратистите во областите Доњецк и Луганск, исто така, стапуваат на сила.

Новите мерки ќе бидат насочени кон трговијата во двете области кон и од ЕУ за да се осигура дека одговорните јасно ги чувствуваат економските последици од нивните незаконски и агресивни дејствија. Со денешната одлука, особено, ќе се воведе забрана за увоз на стоки од регионите Доњецк и Луганск, ограничувања на трговијата и инвестициите поврзани со одредени економски сектори, забрана за давање туристички услуги и забрана за извоз на одредени стоки и технологии.

Советот на ЕУ забранува и финансирање на одредени сектори на Русија, нејзината влада и Централната банка. Со ограничување на способноста на руската држава и влада да пристапат до пазарот на капитал и финансиски услуги на ЕУ, Брисел има за цел да го ограничи финансирањето за ескалација на тензиите и агресивните политики.

ЕУ ја повикува Русија да го укине признавањето на областите под контрола на сепаратистите во источна Украина и да ги почитува своите обврски.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот драматично ја ескалира ситуацијата и ги зголеми тензиите со Западот, признавајќи ја „независноста„ на таканаречните „Доњецка и Луганска народна република“, а неколку часа подоцна и им нареди на руските војници да влезат во нив, тврдејќи дека ќе извршуваат мировни задачи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус

НАЈНОВО

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk