ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории е наша стратешка цел

February 23, 2022 19:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничките на Мисијата на Меѓународната организација за миграции во Република Северна Македонија, на која се разговараше за досегашната соработка и идните планови и проекти во областите  во надлежност на министерството.

Претставничките на Мисијата информираа за  активностите кои се преземаат во делот на помош и поддршка на мигрантите, нивна медицинска и психо-социјална поддршка, како и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти  од ЕУ кон Западен Балкан и борбата против трговијата со луѓе.

Министерката Тренчевска ја истакна определбата на нашата држава за почитување на основните човекови права и слободи и нивната заштита, недискриминацијата, градење на општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории.

Во врска со повратниците, таа посочи дека пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на лицата повратници, влез во образованиот процес и домувањето се главните цели на кои Министерството работи со цел нивна ефективна реинтеграција во општеството.

Министерството за труд и социјална политика е координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој претставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата и невладиниот сектор.

Министерката ја нагласи улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.

„Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Тие се првата алка и првата точка од каде започнува пружањето на поддршка кон лицата жртви на трговија со луѓе,“ рече Тренчевска.

Мисијата опфаќа и активности во борбата против  насилен екстремизам, со акцент на младите, преку промена на размислувањата и подигнување на свеста за опасноста од оваа појава.

Соговорниците изразија продлабочување на соработката во иднина преку пружање на соодветна помош од страна на Меѓународната организација за миграција во насока на стратешко и технички имплементирање на Резолуција за миграциската политика усвоена од Собранието на РСМ, како и во однос на подготовка и имплементацијата на нови стратегии и акциски планови за прашања поврзани за миграција, усогласувањето со стандардите согласно законодавството на ЕУ, понатамошна поддршка во јакнењето на техничките капацитети во овој контекст.

 

Next Post

Непроменета грчката поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk