Погледнете го моментот кога рускиот претседател Владимир Путин прогласи „специјална воена операција“ во украинскиот регион Донбас, по што следеше напад од големи размери од неколку страни на земјата.
Говорејќи во раните утрински часови по московско време, рускиот претседател рече дека неговата земја не планира да ја окупира Украина – но додаде дека одговорот на Москва ќе се случи веднаш доколку некој се обиде да ја запре нејзината акција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во Украина е воведена воена состојба.
М. А.





