ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски со Рено – Басо: Продолжува поддршката од ЕБОР за Северна Македонија, во фокусот проекти од инфраструктурата и енергетиката

February 28, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска во Лондон оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, известуваат владини извори.

Премиерот Ковачевски како исклучително позитивна ја оцени соработката со Европската банка за обнова и развој, со која Северна Македонија е партнер речиси 30 години и во која од 1993 година и до денес банката има одобрено суштински проекти во јавниот и приватниот сектор кои се од огромно значење за животот на граѓаните.


На средбата беше нагласено дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и ЕБОР во ноември 2020 година, претставува значаен чекор напред во рамките на нашата соработка, со што се препознава процесот на пристапување на земјата во Европската Унија преку комбинација на инвестиции и техничка помош.

Напредокот на Северна Македонија во европските интеграции беше видливо поддржан од ЕБОР, рече премиерот Ковачевски и потенцираше дека од посебно значење е поддршката на ЕБОР во наредниот период во инвестициите поврзани со природен гас и учеството на банката во прекуграничната гасна интерконекција со Грција, Косово и Србија, како и цевководи за пренос на природен гас за магистралните гасни коридори Св. Николе-Велес и Гостивар-Кичево.

Ковачевски на средбата ја поздрави одлуката на ЕБОР од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор 8, последна делница Крива Паланка – граница со Бугарија. Овој проект е еден од најголемите приоритети на Владата, рече Ковачевски, имајќи предвид дека е клучен дел од неодамнешните разговори со бугарската страна, односно е стратешки проект на кој активно работи билатералната работна група во транспортниот сектор.

Ковачевски ја запозна претседателката на ЕБОР Рено – Басо со Планот за стратешки инвестиции 2021 – 2027 кој има за цел да го поттикне долгорочното закрепнување, насочено кон клучни продуктивни инвестиции и одржлива инфраструктура, особено во областите на зелена и дигитална транзиција, конкурентност на приватниот сектор, зајакнување на иновациите и развој на основните социјални сектори, како и за зајакнување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателката на ЕБОР Одил Рено – Басо ја поздрави лидерската улога што Северна Македонија ја има во регионалната соработка и додаде дека поврзувањето на земјите од Западен Балкан е од витално значење за економските перспективи и политичката стабилност на регионот.

Next Post

МНР: Ниеден наш државјанин во Украина не е повреден, продолжуваат напорите за враќање на нашите државјани

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk