ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина, се подготвуваат капацитети за прием на евентуални бегалци

March 1, 2022 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.

Ова го потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“. Таа додаде дека досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ.

Во однос воената помош за Укрина, министерката Петровска појасни дека се работи за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти.

– Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Укрина, изјави Петровска.

Прашана од новинарите за воената помош, Петровска истакна дека таа е согласно капацитетите со кои ние располагаме и е во согласност со барањата од украинската страна. Министерката нагласи дека јавноста треба да знае дека со оваа донација не се намалува капацитетот и вооружувањата на нашата Армија.

– Листата што беше испратена е практично испратена до сите сојузници и е многу голема, содржи многу ставки од различен профил. Она на што ние можевме да излеземе во пресрет, излеговме апсолутно, појасни министерката за одбрана.

На прашањето дали се подготвуваме доколку е потребно за прием на бегалци од Украина, Петровска информира дека министерствата добиле задолженија да ги разгледаат капацитетеите што се во нивна сопственост  и на нивно располагање, колку се тие се функционални и дали би можело да се стават на располагање.

Таа најави дека во скоро време и Владата ќе излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на раполагање за евентуално сместување на бегалци.

–  Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности, рече Петровска.

Според неа, би се користеле капацитети кои беа користени, а се во сопственост на МО, и во претходните бегалски кризи, но и КОВИД кризата. Тие сега се во фаза на проверка, каква им е состојбата и дали можат да бидат ставеи во функција.

Во однос на забрана за емитување на некои руски медиуми, министерката Петровска повтори дека ние сме дел од општата одлука донесена во рамки на тоа да се спроведат целосни санкции кон Руската Федерација, затоа што и сојузниците и другите земји кои не се членки на Алијансата оценија дека станува збор за воена агресија, која во овие услови е недозволива и оти има енормно кршење и на човековите и на меѓународното право. Од тие причини, истакна Петровска, се и санкциите кои ги воведуваме. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обраќање на Зеленски: Десетици жртви во ракетирањето на Харков. Никој нема да го прости, никој нема да го заборави

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk