ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Очекувам денес да имаме решение за раст на пензиите и нова методологија

March 4, 2022 10:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Слободна ТВ, истакна дека веќе се привршуваат анализите во однос на методологијата за покачување и за финансиска помош на пензионерите врз основа на првата сесија од дијалогот со Сојузот на здруженијата на пензионерите, и го нагласи ова прашање како приоритетно во однос на соочувањето на актуелната криза со војната од Украина која има европски и светски размери, информираат владините служби.

„Денес ќе имаме состанок со асоцијациите на пензионерите и верувам дека ќе имаме решение за новата методологија за пензиите и за финансиски пакет за поддршка на пензионерите“, посочи премиерот Ковачевски

Ковачевски уште додаде дека и за време на кризата со пандемијата, како и во услови на енергетската криза, Владата им излезе во пресрет и на граѓаните и на компаниите и донесе повеќе антикризни пакети и мерки кои во голема мерка ги ублажија последиците и ги намалија ризиците за компаниите.

„Многу е значајно што во овие услови успеавме да ја зголемиме минималната плата со што покажавме грижа за граѓаните. Сега со 2 минимални плати може да се покрие потрошувачка кошничка за разлика од пред 5 години кога за тоа беа потребни 4,25 минимални плати“, рече претседателот на Владата Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потсети дека во однос на цената на струјата беше намалена стапката на ДДВ од 18% на 5% за регулираниот пазар, односно за малите потрошувачи и домаќинствата и со тоа во моментот имаме најниска цена на електричната енергија во регионот и пошироко.

Дополнително, истакна премиерот, во однос на задржување на стандардот на граѓаните донесовме Програма за финансиска поддршка на најранливите категории граѓани за покривање на трошоците за електрична енергија која опфаќа над 7.000 семејства.

Во однос на храната, рече Ковачевски, веќе имавме мерка со која беа замрзнати цените на основните продукти, а следуваше мерката за ограничување на трговските маржи во големопродажбата и малопродажбата кои се веќе во сила и кои имаат за цел да ги елиминираат ценовните шокови.

Next Post

Михаило Подолјак: Само „затворено небо“ над Украина ќе ја запре ескалацијата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk