ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Следат нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните

March 7, 2022 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите, информираат владините служби.

Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија.

Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историскиот раст на пензиите.

Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет.

Next Post

(ВИДЕО) 5.000 луѓе претепани и приведени во Москва, за време на протест против војната во Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk