ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Валас во Лондон: НАТО е обединето во гарантирање на безбедноста на земјите – члени, ја осудуваме руската инвазија на Украина

March 8, 2022 17:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со церемонија со највисоки воени почести денеска започна официјалната посета на министерката за одбрана Славјанка Петровска и делегацијата од Министерството, на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

На средбата со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, министерката Петровска ја осуди руската инвазија на Украина и порача дека НАТО сојузниците се обединети и подготвени да ја гарантираат безбедноста на земјите – членки на НАТО.

„Од Лондон ја испраќаме пораката дека ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата“, рече министерката Петровска по средбата со нејзиниот британски колега, Валас.

Петровска порача дека оваа прва официјална посета на Обединетото Кралство се реализира во едно тешко време за континентот, време во кое она што мислевме дека е невозможно да се случи во Европа во 21-от век, стана наша реалност – воена инвазија врз суверена и самостојна држава, проследена со страдање и човечки жртви.

Британскиот министер Валас го потврди ставот дека НАТО е единствено во цврстата заложба кон колективната безбедност во НАТО. Валас порача дека членството на Северна Македонија во НАТО е особено важно за зачувување на безбедноста во регионот и се заложи за зајакнување и продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји.

Во контекст на соработката, министерката Петровска порача дека „заедно со Обединетото Кралство и понатаму ќе продолжиме да ги развиваме капацитетите и да ги зајакнуваме способностите на македонското министерство за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија“.

Обединетото Кралство го поддржува развојот на армиските капацитети на повеќе полиња – во Министерството работи британски советник за трансформација на Армијата, тим од Обединетото Кралство дава поддршка за развој на армискиот полигон „Криволак“, а македонски офицери имаат шанса да се школуваат на највисоките воени школи во Велика Британија. Припадниците на двете армии изведуваат заеднички вежби и обуки – годинава британски војници ќе бидат дел од досега најголемата воена вежба на армискиот полигон „Криволак“, вежбата „Брз одговор 22“ планирана за напролет.

 

Next Post

МЗШВ: 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ