ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски-Борел: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е од геостратешки интерес за ЕУ

March 14, 2022 16:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го прими високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја и кој на средбата беше придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, информираат владините служби.
Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел имаа тет-а-тет средба по што следуваше билатералниот состанок на двете делегации, на која од наша страна присуствуваа заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Премиерот Ковачевски на средбата упатил благодарност до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка и лична заложба за Република Северна Македонија да добие датум за преговори без понатамошни одлагања и за иднината на Западен Балкан во Европската Унија, известуваат владините служби.

На средбата била уште еднаш осудена неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија во Украина која предизвикува тектонски геополитички поместувања која бара од сите во Европа да дејствуваат во единство, цврсто и навремено.

За време на разговорот е нагласено дека Владата, со поддршка на ЕУ, продолжува со реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, ја истакнале потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност, пишува во соопштението.

Во таа насока бил поздравен и напредокот во разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија за изнаоѓање на достоинствена и победничка европска формула која би го деблокирала почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија, а како посебно значајно соговорниците на средбата истакнаа дека билатералните прашања не треба да го усложнуваат процесот.

Next Post

Подољак: Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk