ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Штип над милион денари поделени на членови на ВМРО-ДПМНЕ преку здруженија

March 16, 2022 10:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Советниците на СДСМ од Штип тврдат дека преку општинската каса се поделени милион денари на членови на ВМРО-ДПМНЕ преку разни здруженија.

Според поранешната претседателка на советот и актуелна советничка во Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, формирал комисија која го изготвила предлогот, а мнозинството во советот на Општина Штип изгласале 1.000.000 денари да бидат доделени на овие здруженија.

Jавниот повик за доделување на овие средства не можеше да се види ниту на социјалните мрежи, ни како прилог на некој од регионалните медиуми што ја доведе во прашање транспарентноста на целата постапка, а според советниците на СДСМ и целта на доделените средства. Според нив дел од основачите и активистите во овие здруженија се јавни поддржувачи и активисти на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и ова е еден од начините на локалната власт во Штип за „легално” да се исплатат заслугите на партиските поддржувачи.  Освен од советниците од СДСМ, во однос на доделените средства на овие здруженија, реакција имаше и од советничката од Левица која на јавната седница праша дали ова е начин за наплаќање на предизборните активности на одредени активисти и која е целта на овие проекти.

На јавниот повик се пријавени вкупно 9 здруженија од кои 5 здруженија добија средства од Општината. Според расправата по ова прашање, советниците не добиле воопшто никаква документација во однос на целите на реализација на проектите и на никого во општинската сала  не му беше јасно што ќе прават овие здруженија во корист на граѓаните на општина Штип.

Дел од здруженијата кои добиле средства не се воопшто познати за штипската јавност,а дел од нив се неодамна основани .

Во секој случај со ваквиот начин на носење одлуки во Општина Штип останува нејасно, дали општината има реална желба да ги помага проектите на здруженијата на граѓани и која е целта поради која се доведува во прашање транспарентноста на ваквата постапка.

Д. Е. 

Next Post
фото: Интерфакс

Денисова: Тројца убиени и повеќе од 35 ранети новинари од руските окупатори во Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk