ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: По 1.000 денари во наредните три месеци ќе стигнуваат на трансакциските сметки на пензионерите и примателите на гарантираната минимална помош, а не со ваучери

March 15, 2022 21:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител, рече дека помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе  биде исплаќана директно на трансакциските сметки а не со ваучери. Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери  и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај. Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

„Нема да има ваучери, туку по 1.000 денари во  наредните три месеци  пензионерите ќе добиваат на своите трансакциски сметки, заедно со исплатата на пензиите. Овие финансиски средства ќе можат да ги искористат за купување на прехранбени производи, за сметките за струја или за нешто друго. За да стасаат парите што поскоро и до граѓаните кои се приматели на гарантирана минимална помош, исплата по 1.000 денари во наредните три месеци исто така, најверојатно ќе се изврши преку трансакциските сметки, заедно со исплаќањето на правото на ГМП.  Во месеците март, април и мај околу 36.000 домаќинства ќе добијат дополнителни 1.000 денари, како дел од сетот на владините 26 мерки за полесно справување со кризата, во која се наоѓа, не само нашата држава, туку и другите земји во светот.  Доколку исплатата се прави со ваучери, тогаш постапката би траела многу подолго, рече министерката Тренчевска во интервјуто за ТВ Сител.

Тренчевска информираше и за бројот на лицата приматели на  „социјална пензија“.

„Со реформите во социјалната заштита од 2019 година го воведовме правото на социјална сигурност за стари лица, популарно наречена социјална пензија. Ова право го користат  граѓаните кои на било кој начин не остваруваат право на пензија, а се материјално необезбедени. По навршувањето на 65 години, овозмоќивме овие лица да се стекнат со правото за социјална пензија. Ова право кое изнесува 6.317 денари,   во моментот го користат 10.028 граѓани во државата, рече министерката Тренчевска.

 

Next Post

Вистиномер: Во Украина нема програма за развој на биолошко оружје финансирана од САД

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk