ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Регионалната соработка носи стабилност во време на кризи, иднината ни е заедничка и европска​

March 17, 2022 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес учествува на експертска тркалезна маса „Регионална соработка за европска интеграција“, организирана во рамките на иницијативата „Балкански дијалози“, на која во својот говор истакна дека регионалната соработка е реалност и сега, како никогаш досега, мора регионот да се обедини за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваме и ние, а и Европската Унија, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

– Добрата соработка и постојаната комуникација на различни основи се вредности на регионалните иницијативи, но секако не се замена за европската интеграција, туку потпорен столб и катализатор на регионалната соработка што треба да доведе до подинамичен процес на европска интеграција. Во време на глобални промени сме подготвени да се приспособуваме, но не сме подготвени и не сакаме да ги менуваме нашите стратешки цели, затоа отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е наш најголем приоритет, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека нема алтернатива за полноправно членство во Европската Унија и дека треба да ги започнеме преговорите што е можно поскоро, бидејќи ние го реализиравме нашиот дел и повеќе од што се очекуваше, сега е време ЕУ да го направи својот чекор напред.

– Потребни ни се храбри одлуки за да се врати во фокус најуспешната политика досега, а тоа е политиката за проширување, земајќи го предвид потрошеното време чекајќи да се активира процесот на интеграција на Западен Балкан во Унијата, заклучи Маричиќ.

Во рамки на панелот „Сонот и реалноста на еден европски регион“, Маричиќ кажа дека и Северна Македонија и Албанија избраа страна, и таа е јасна, дека стојат заедно со своите евроатлантски партнери, како членки на НАТО и аспиранти за полноправно членство во ЕУ – усогласувајќи се целосно со безбедносните и надворешните политики на ЕУ.

– Никој не помислуваше дека денес, овде ќе треба да дебатираме за „перспективите за интеграција во ЕУ на Западен Балкан во време на кризи“, бидејќи перспективата обично е неизбежна со мир и просперитет. Денес, за жал, сме сведоци на конфликти на тлото на Европа, со последици и за Европската Унија, но и за нас, земјите од регионот. Затоа е важно да се заврши обединувањето на континентот, да се направи посилен и поотпорен на какви било сегашни или идни закани, – рече Маричиќ.

Next Post
Засолниште во Лавов, Фото „Слободен печат“: Принтскрин/Јутјуб

„Слободен печат“ во Украина: Погледнете како изгледаат ноќите поминати во засолниште (ВИДЕО)

Најново

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026
Photo: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Започна судењето за планираниот напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

April 28, 2026
Фото: Скриншот, видео, Вашингтон, Бела Куќа на ФБ

Кралот Чарлс пред Конгресот на САД: Повик за единство во време на затегнати трансатлантски односи

April 28, 2026
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Дерала за „Порталб“: Сегашниот Изборен законик е само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk