ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска-Гарсија: Континуирана е поддршката за ЕУ интеграција и соработка за унапредување на политиките за добро владеење и дигитализација

March 24, 2022 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешната средба со шпанскиот амбасадор во нашата земја, Хосе Луис Лозано Гарсија изразија подготвеност за продолжување на соработката преку размена на искуства за зајакнување на политиките за добро владеење и унапредување на суштинските реформи врзани за нашето пристапување кон Европската Унија, информираат владините служби.

На средбата беше повторена поддршката која Шпанија како значаен партнер на НАТО И ЕУ ѝ ја дава на Северна Македонија за што поскоро започнување на преговорите на земјата со Унијата и беше изразена благодарност за брзата ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО, кој Шпанскиот Сенат едногласно го одобри и покрај кризата со коронавирусот.

На средбата беа поздравени политиките на Северна Македонија во согласност со позициите на стратешките партнери при осудувањето на руската инвазија во Украина, како и одлуките за доделување на помош на украинскиот народ и подготвеноста за прием на бегалци од Украина.

На средбата беше изразено задоволство од новата енергија која е видлива во воспоставениот дијалог со Владата на Република Бугарија, при што беа разменети информации за соработката на работните групи, особено во рамки на групата каде вицепремиерката Грковска, со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и други експерти разговараат за предлози и решенија од областа на владеењето на правото, дигитализацијата, зелената агенда и други теми од важност и интерес на граѓаните.

Беше истакната волја и отвореност за продлабочување на соработката од областа на креирање антикорупциски мерки, споделувања искуства за законската регулатива и подигнување на нивото на транспарентност и отчетност како исклучително важни алатки за превенција од коруптивните дејствија.

 

Next Post

Обраќање на Зеленски на Самитот на НАТО: Русија употреби фосфорни бомби, се работи за живот или смрт

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk