ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вашингтон пост: Пентагон барал комуникација со руските воени лидери, повиците останале неодговорени

March 24, 2022 18:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пентагон во изминатиот месец во повеќе наврати барал комуникација со руските воени лидери со цел да се избегне ненамерно прелевање на конфлктот на територијата на НАТО, но повиците од руска страна останале неодговорени, пренесува денешен Вашингтон пост, пишува МИА.

Со ова, наведува весникот, двете најголеми нуклеарни сили немаат објаснувања за армиските движења со што се стравува дека може да се случат погрешни проценки и несреќи на бојното поле во Украина.

Од почетокот на руската инвазија на земјата, министерот за одбрана Лојд Остин и раководителот на Генералштабот на воените сили на САД, Марк Мили, се обиделе да договорат телефонски повици со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, и со генералот Валериј Герасимов, но Русите „досега одбиваат да се ангажираат“ изјави синоќа портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Американците стравуваат дека кога Русија изведува оперативни воени дејствија во близина на границите на членките на НАТО Полска и Романија, може да се случат погрешни проценки со што случајно би се навлегло на територијата на НАТО и да се создаде „непотребна ескалација или конфузија“, па алијансата во тој случај да возврати.

-Постои голем ризик од ескалација без противпожарното осигурување што го носи директниот контакт меѓу највисоките официјални лица, изјави пензионираниот генерал Џон Ставридис, кој служеше како главен командант на НАТО од 2009 до 2013 година.

Тој смета дека САД треба да избегнат сценарио кога НАТО и Русија „започнуваат војна бидејќи воените лидери не можат да одговорат телефонски и да објаснат еден на друг што се случува“ на бојното поле.

Русија неодамна употреби суперсонични проектили и друго софистицирано оружје против цели во западниот дел на Украина, а со тоа заканата од прелевање на конфликтот во поширока конфронтација меѓу Русија и НАТО станува сѐ поголема, наведува весникот.

Next Post
Олаф Шолц

Шолц ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk