Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина, пишува МИА.
„Ако Русија подготвува операција, оправдувајќи ја со лажни причини, со цел да користи хемиско и биолошко оружје во Украина, тоа би било кршење на сите правила, договори и конвенции“, изјави Шолц по Самитот на НАТО во Брисел.
„Нашата грижа не е само да укажеме на ова, туку да дадеме јасно предупредување во разговорите што ги водиме: не го правете тоа“, додаде Шолц, пренесе Ројтерс.





