ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Историски успех: „Медена земја“ номиниран за Оскар во две категории

После 25 години повторно еден македонски филм влезе во номинациите за Оскар, но овој пат тоа ни успеа во две категории. Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, успеа да влезе во номинираните пет филмови кои ќе се натпреваруваат за престижната награда Оскар во категориите: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернацинален долгометражен филм“.

January 13, 2020 14:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Историски успех на „Медена земја“ и извонредната екипа: Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Самир Љума, Фејми Даут и несекојдневната Атиџе.

После 25 години повторно еден македонски филм влезе во номинациите за Оскар, но овој пат тоа ни успеа во две категории. Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, успеа да влезе во номинираните пет филмови кои ќе се натпреваруваат за престижната награда Оскар во категориите: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернационален долгометражен филм“.

„Медена земја“ беше во потесниот список за избор во две категории и за двете успеа да добие номинации.: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернацинален долгометражен филм“.

Во номинациите за доделување на престижните филмски награди Оскар кои оваа година се 92-ри по ред, номинации добија 5 филмови од потесниот список во одделните категории.

Церемонија на Деведесет и второто доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд во театарот Долби. И оваа година на церемонијата на доделувањето на Оскарите нема да има водител.

Од Еј-Би-Си, известуваат дека добрата забава, комедијата и ѕвездите и оваа година ќе бидат главниот адут, во програмата која трае неколку часови. Во повеќе од 225 земји од светот ќе има директен пренос од церемонијата на доделаувањето на Оскарите.

„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди. Оваа недела ја доби наградата за најдобар документарец која ја доделува американското здружение на критичари, Друштвото на филмски критичари во Њујорк.  Тамара Котевска и Љубомир  Стефанов, пак, од Друштвото на режисери во Америка се номинирани за најдобра режија.

Пред неколку денови „Медена земја“ ја освои наградата за најдобар документарец на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата Филмско око за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

Целата листа на номинации во сите категории, можете да ја погледнете тука:

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Кабинет на Пендаровски: Нема измени во обезбедувањето на шефот на државата

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk