ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Омбудсман: Да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените

March 28, 2022 14:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител до Владата ќе достави Информација за утврдените состојби со предлог да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, со оглед дека рокот до кога неевидентираните лица во матичната книга на родените (чии податоци се внесени или ќе се внесат), може да поднесат барање до Управата за водење на матичните книги е до 30 јуни оваа година, пренесува МИА.

Ова, како што информира Одделот за односи со јавност на Народниот правобранител, било соопштено на информативна средба на претставници од државни органи и институции кои се должни да го спроведуваат Законот за неевидентирани лица или да вршат надзор над неговото спроведување, која ја организираа Одделот за заштита на правата на детето заедно со Одделението за граѓански состојби при Народниот правобранител, поттикнати од проблемите со кои се соочуваат голем број лица при имплементацијата наовој Закон.

На средбата, како што е наведено во соопштението, присуствувале претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, и Агенција за вработување. На средбата немало претставник од Министерството за здравство, иако биле уредно поканети.

Народниот правобранител, имајќи ја предвид ранливоста на оваа категорија на лица ги информирал присутните за сознанијата и констатациите од практичното постапување по претставките, а во врска со неспроведливоста на Законот за неевидентираните лица, и во насока на заштита на нивните права побара поголема соработка и посветеност во изнаоѓање на решенија за нотираните слабости.

Во овој контекст укажа дека е потребно да се засилат теренските активности за пронаоѓање на лицата кои се пријавиле на јавниот повик и истите да се информираат за правата кои Законот им ги признава доколку поднесат барање за упис во посебната матична книга на родените. Воедно, да се преземат активности со цел утврдување на бројот на деца кои се родени по завршување на јавниот повик, а не ги исполнуваат условите за запишување во матичната книга на родените согласно со закон, потсетувајќи ги присутните дека Законот за неевидентирани лица се однесува и за оваа група неевидентирани деца, за кои надлежните немаат евиденција, се посочува во соопштението.

На средбата, како што стои во соопштението, се потврдиле наводите дека, и покрај тоа што целта на донесувањето на овој закон е евидентирање на овие лица во посебна матична книга на родени, и добивање на евиденционен број заради остварување на основните права (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување), во пракса лицата сѐ уште не ги остваруваат овие права.

Проблемите беа лоцирани во неусогласеноста на законите во кои се регулирани овие права со Законот за неевидентирани лица, фактот дека евиденциониот број е непрепознатлив за интегрираниот систем на работење на институциите, како и поради недоволната соработка и координираност на институциите, додаваат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

На средбата било договорено да се преземат заеднички мерки од страна на сите надлежните органи, на повисоко ниво, а надлежните институции да соработуваат и да постапуваат координирано во спроведувањето на Законот. 

Next Post

Tрибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk