ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата со надлежните институции и јавниот сектор се договорија да ја превенираат и спречуваат онлајн радикализацијата

March 30, 2022 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Имајќи предвид дека радикализацијата преку интернет e феномен кој е во постојан развој, како на меѓународно ниво така и во нашата земја, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, веднаш ја препозна потребата и ја поддржа идејата за подготовка на ваков вид на документ, предвиден во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот”, финансиран од Европската Унија.

Поаѓајќи од основата дека соработката е главниот столб особено кога станува збор за радикализацијата, дефинирана како збир на процеси, кои кај одредени индивидуи доведуваат до промена на ставовите, што може да резултира со употреба на насилство, денеска претставници на Владата, надлежни институции и јавниот сектор потпишаа Меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет.

Меморандумот го потпишаа Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Златко Апостолоски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, како и претставници на агенциите за национална безбедност, за разузнавање, за млади и спорт, на Македонската академска истражувачка мрежа, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување и компаниите „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“.

Меморандумот предвидува соработка на потписниците во делот на преземање на сите потребни мерки за ефикасна борба против феноменот на  онлајн радикализација и поттикнување на пријавување на јавни содржини со радикални елементи до надлежните органи.

На настанот на кој се обратија повеќе говорници, владини претставници и претставници на ЕУ делегацијата беше изразена подготвеност, за преземање мерки и активности преку превенирање, заштита, гонење и одговор на заканите од тероризам и терористичките активности.

Говорниците истакнаа дека Меморандумот овозможува дополнителни можности за ефикасно и брзо детектирање, таргетирање и дејствување примарно во насока на превенцијата и во насока на конкретно спроведување на законот, за сузбивање на радикализмот којшто форсира девијантно односно незаконско дејствување.

Профилот на потписниците покажува дека е постигнато одредено ниво на јавна свест и дека против овој феномен можеме да бележиме успеси, само доколку има заедничка соработка помеѓу државните институции и јавниот сектор.
Меморандумот за соработка во борбата против радикализација преку интернет како документ остава простор  за понатамошно вклучување  и на други чинители во борбата против радикализација на интернет просторот во нашето општество.

 

Next Post

Зеленски: Сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но тие не го замолчуваат пукањето на руските гранати

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk