Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во разговор за Фокус вели дека се надева дека доколку неговата партија се договори за коалиција на претстојните предвремени парламентарни избори се договори со БЕСА тоа ќе значи ослободување од ДУИ.
– Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање? – прашува Таравари.
Тој додава дека преговараат со БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција, воедно истакнувајќи дека потребите и расположението на гласачите упатуваат на тоа дека Алијансата ќе биде дел од коалицијата која што ќе ја победи ДУИ.