ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мировен марш под мотото “Помислете на нас, за промена”

April 9, 2022 16:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на 09.04.2022 година во Скопје се одржа Мировен марш под мотото “ПОМИСЛЕТЕ НА НАС, ЗА ПРОМЕНА”, пишува во соопштението од организаторите на мировниот марш.

Маршот започна со собир пред Собранието на Република Северна Македонија, и продолжи со мирно движење низ центарот на градот, се до Владата на Република Северна Македонија.

На маршот земаа учество средношколци од повеќе средни училишта во Скопје, дополнително поддржани од нивни професори и родители.

На маршот доминираше белата боја – бојата на мирот, а учесниците носеа транспаренти со мировни пораки.

Иницијативата за овој мировен марш произлезе од средношколци, во рамките на проект за свесноста и делувањето во граѓанскиот сервис. Идејата доби поддршка и од  членови на Сојузот на средношколска младина на Македонија.

Основната цел на овој марш, е да се крене свесноста на младите луѓе во Македонија за тоа  дека е потребно токму тие, младите,  да бидат активни учесници во својата земја и светот, и гласно да ги изразат своите ставови и мислења против сите војни во целиот свет.

Нивната единствена желба е да им се овозможи своите потенцијали и креативна моќ  да ги реализираат во мир.

Целта на младите е оваа порака да стигне што пошироко, и конечно политичарите да помислат на нив и нивната иднина.

На маршот беше одржан и пригоден говор, на кој покрај основната порака, беше гордо спомената и нашата сограѓанка, добитничка на Нобеловата награда за мир, која во една прилика рекла:

“Ако немаме мир, тоа е затоа што сме заборавиле дека припаѓаме едни на други”.

И токму заради  таа припадност кон сите други народи во светот, на крајот на маршот, проследено со песната на Џон Ленон (Да му дадеме шанса на мирот), симболично во воздухот беа пуштени бели балони, за сите 7 (седум) континенти на светот и сите земји членки на Обединетите нации.

 

 

 

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 149 нови позитивни случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk