„Очајна е желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја поистовети состојбата од времето на своето владеење кога осудената Јанкуловкска криеше убиства. Оваа Влада и полицијата покажаа како навремено и транспарентно се работи, по случајот беше постапено во рок од 24 часа и приведени двајца од тројца осомничени“, реагираат од СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека ВМРО ДПМНЕ кога пишува соопштенија говори од лично искуство кога од МВР си беа направиле приватна служба каде ја деградираа и омаловажуваа професијата полицаец.
„Помина времето кога лични телохранители на премиер вадеа специјалци од единиците за да им бидат партиски телихранители, помина времето кога обезбедување на високите партиски функционери беа страв и трепет најголеми рекетари во државата.
Помина времето на МВРО- ВМРО кога се криеја убиства“, стои во соопштението од СДСМ.





