ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Не се созреани предусловите за да можам ги информирам пратениците и јавноста дека имаме договор со Бугарија

April 14, 2022 15:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментот кога ќе имаме согласност по однос на било кој документ, дека може да биде основа за договор со Бугарија пред да се стави потпис на тој документ ќе дојдеме ќе ги информираме пратениците и јавноста, изјави денеска на прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики коишто ги имаме со Република Бугарија.

–  Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи, одговарајќи на новинарски прашања за можен договор со Бугарија.

Прашан дали кочницата за решение се коалиционите партнери на бугарскиот премиер Петков, Османи рече дека не е во ред да ги коментира внатрешните динамики во Република Бугарија.

–  Знам дека тие планираат решението да го поминат и во Собрание. За да се помине во Собрание се разбира дека сите коалициони партнери треба да го поддржат тоа решение. Ако тоа значи нешто, но не мислам дека е во ред јас да ги коментирам односите во Бугарија. Се надевам дека во ова време е потребно стратешко лидерство. Време е за стратешки одлуки во ЕУ, во регионот, изјави Османи.

За тоа дали има поместување во политичкиот дел и политичките разлики, рече дека со министерката комуницира на дневна основа, додека премиерот Ковачевски со бугарскиот премиер.

–  Ќе ја повторам оценката, има постигнато напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање. По однос, како, што и  кога, но не можам да кажам дека за еден документ има согласност целосна од бугарската влада за да можам јас да ги информирам пратениците веднаш, да го споделам документот и да ја информирам јавноста. Не можеме ниту да разговараме поединечно со секој чинител во Бугарија ниту пак да ги коментираме различните ставови, рече Османи.

Прашан за реакцијата на бугарската министерка Генчовска, шефот на дипломатијата кажа дека навистина не сака да ги коментира внатрешните политички разлики во Бугарија.

– Ние комуницираме со бугарската Влада и не сме прифатиле никогаш да имаме паралелни преговори со различните чинители во Република Бугарија, па и доколку се институционални чинители, не само политички чинители. Ние разговараме со бугарската Влада и навистина останува на неа дали ќе може да постигне едногласност по било кое решение, изјави Османи.

Тој посочи дека, од искуството со Преспа, овие прашања бараат лидерство и бараат одлучност по однос на иднината.

– Доколку покажете било какво двоумење во вашето убедување дека ова е правиот пат по кој што треба да се одвива ова прашање, мислам дека тие што не сакаат да се најде решение тоа ќе ги охрабри. Така што, двете влади во нашите  општество ќе наидеме на отпор, на критики. Било кое решение да го ставиме на маса ќе има незадоволни, изјави Османи./МИА/

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Регистрирани 142 нови позитивни случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk