ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Преку партиска дресура до технички министер

Новите, мошне привремени, технички министри и заменици министри во новата техничка влада, очигледно добро ја совладале техниката на техничкото. Рецептот, барем според она што тие досега го прикажаа и не е нешто многу тешко остварлив. За почетокот е доволно да се биде доволно невоспитан. Тоа е добра основа. Натаму, сѐ друго, па и партиските извршителски или поточно служителски задачи, ќе си дојдат како елементарна последица на нивната елементарна невоспитаноста. Не е тоа недостаток на политичка култура. Туку, буквално, на кумулирана карактерна невоспитаност

January 15, 2020 16:03
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Можеби би било умесно некаков ваков критериум како од насловот да се озакони како елемент за тоа кој сѐ би можел да биде технички министер во овој наш уникатен пржински владин модел.

Новите, мошне привремени, технички министри и заменици министри во новата техничка влада, очигледно добро ја совладале техниката на техничкото. Рецептот, барем според она што тие досега го прикажаа и не е нешто многу тешко остварлив. За почетокот е доволно да се биде доволно невоспитан. Тоа е добра основа. Натаму, сѐ друго, па и партиските извршителски или поточно служителски задачи, ќе си дојдат како елементарна последица на нивната елементарна невоспитаноста. Не е тоа недостаток на политичка култура. Туку, буквално, на кумулирана карактерна невоспитаност.

На самиот старт од своето техничко министерување во своите строго наменски сто министерски денови, од првата минута на својот кус мандат, тие детски нестрпливо побрзаа со слугување на партијата. Со монтирање скеле за потребите на претстојната партиска предизборна кампања. Приоритетно, уште не упатени во ресорните обврски, ги преплавија медиумите со скокотливи теми. Се упатија да бркаат вештерки, да обвинуваат за криминали, да трагаат по афери.

Новите владини функционери очигледно заборавија дека со својата нова улога се во најистурените позиции на извршната власт. Дека владата има колективен дизајн, правила, методи, седници. Дека на самите владини сесии, од креирањето на дневниот ред, преку материјалните тематски расправи, па се до донесувањето колективни владини одлуки, имаат и можност и обврска да покренуваат прашања, да донесуваат и да оспоруваат одлуки, да гласаат и да не гласаат предлози. Да го прават тоа во рамките на таа институција задолжена за тековните состојби во државата.

И дека токму владата и министерствата што ги презедоа, се полето на нивната активност. И дека тие, а не партиските пресови, се нивниот службен терен за работа. И дека тоа повеќе не се одаите на нивната матична партија. И дека уште помалку е тоа нивниот партиски изборен штаб со неговите митингашки предизборни кампањски планови. И дека се тие ангажирани за народни министри, а не за маркетиншки партиски агенти.

Нивната мисија, нивната функција, нивната обврска согласно (како што се покажува) глупавиот  пржински закон, е елементарно едноставна: Како претставници на опозицијата да се концентрираат на претстојните избори и да ги туркаат редовните обврски определени со закон. Во нивните ресори и воопшто во целата извршна власт, да детектираат и да елиминираат евентуални институционални девијации во насока изборниот процес на пролет да функционира беспрекорно. Ништо повеќе и ништо помалку од тоа.

Наспроти ова, се покажа дека до технички министер може да се дојде и само преку партиска дресура.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Регионална платформа: Ги осудуваме заканите и навредите врз жените новинарки во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk