ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Фотографија објавена на полски и руски сајтови прикажана како да е снимена во Скопје

April 19, 2022 19:45
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук  не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на „Tin eye“ – сајт за пребарување и препознавање фотографии, оваа фотографија е објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl. Но, според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата може да се најде и на руски сајтови кои тврдат дека е направена во Ирпен, Украина во 2018 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Вирален пост на Фејсбук (во моментот на нашата рецензија има 400 реакции, 85 коментари и 27 споделувања) прикажува фотографија од две згради залепени една до друга,  а која тврди дека е  снимена во Скопје. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.

Никогаш поблиски соседите во Скопје!,  се вели во постот што го рецензираме.

Постот споделува и напис кој само има преземено твит со фотографијата, без притоа на читателот да му се понудат подетални информации каде во Скопје се наоѓа зградата, во која населба или на која улица. Тоа фрла сомнеж врз нејзината веродостојност.

Скопје 2024 pic.twitter.com/gLDcP3t3rQ

— Суљо и Муљо(заеднички профил) (@SeniEni) April 11, 2022

„Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини (ТУКА, ТУКА, ТУКА, ТУКА).

Според информациите кои ги најдовме на Tin eye – сајт за пребарување и препознавање фотографии, оваа фотографија е првично објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl , а во коментарите под сликата се вели дека е снимена во Полска.

Но, она што е интересно е дека оваа фотографија ја најдовме и на руски сајтови. Според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата е објавена уште во октомври 2018 година и потекнува од Ирпен, Украина.

Развојот на Ирпен е болна тема за локалните жители. Но, авантуристичките идеи на архитектите ќе ги загрижат потенцијалните жители. Кои се балконите на новата зграда на ЛЦД „Фламинго“ објавена од новинарката Михаилина Скорик, пишува сајтот atmbud.ru

Според новинарката Скорик, како што пишува сајтот Atmbud, на фотографијата е прикажан станбениот комплекс „Фламинго “во Ирпен (Украина).

Фотографијата е објавена и на сајтовите Новости и Facenews, кои, исто така, посочуваат дека е снимена во Ирпен, Украина.

Според тоа, со сигурност може да се каже дека зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не се во Скопје. На социјалните мрежи постојано се шират секакви фотографии и написи, кои треба да се проверат пред да се користат како новинарски содржини.

 

Next Post

Најскапата палата во Русија: Рускиот олигарх го стави на продажба својот дворец

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk