ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните преработувачки капацитети

April 20, 2022 13:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Николовски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, остварија заедничка посета на фабриката за производство на масло за јадење Кристал од Велес. При посетата двајцата министри остварија средба со менаџерскиот тим на која разговараа за предизвиците со кои се соочува државата, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните, посочи министерот Николовски. Мерките кои се носат имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури.

„Ги помагаме земјоделците давајќи им субвенции, дополнително ги мотивираме за зголемување на приносот и даваме поддршка за зелена нафта. Оваа поддршка директно доаѓа од буџетот на сите граѓани и токму затоа бараме домашно производство на сончоглед, но и секоја друга стратешка култура, да заврши во нашите домашни производствени капацитети. Токму затоа носиме и нова дополнителна измена во програмата за финансиска поддршка за производителите на сончоглед, која сакам од тука да ја најавам. Секој производител на сончоглед за остварување на субвенциите како доказ ќе мора да приложи потврда за предадено и откупено производство во домашните преработувачки капацитети на сончоглед. Со оваа мерка го зајакнуваме планираното годишно производство помеѓу земјоделците одгледувачи на сончоглед и преработувачите, а воедно го поттикнуваме договорното производство кое како модел треба да е се повеќе присутен во земјоделското производство,“изјави министерот Николовски.

Донесен е и Национален план за производство на храна, каде во фокусот се стратешките култури, како пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Преку Интервентниот фонд се обезбедени 400 милиони денари директна помош за земјоделците. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури.

Во функција е и посебниот модул за аплицирање кои предвидува рок за исплата од 7 дена по поднесувањето на барањето. Преку јавен оглас на располагање ставаме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште за обработка со стратешки култури во 14 региони низ државата.

Храна и житни култури мора да има. Како министерство правиме се да обезбедиме стабилно домашно производство. Тоа е наша обврска и истата ја исполнуваме.

Next Post

ССМ ќе бара во недела да работат пратениците кои најавија измени на Законот за трговија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk