ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Проектот „Пејзажно искуство“ претставен на 59. Венециско биенале

April 22, 2022 20:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонскиот павилјон сместен во објектот Скуола деи Ланери во Венеција вечерва свечено е претставен официјалниот претставник на Република Северна Македонија на 59. Венециско биенале за ликовна уметност – мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, jавува МИА.

Тој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии, а во фокусот ја има „естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите: живот – смрт, убаво – грдо, витално – отровно.

На претставувањето на проектот се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која истакна дека „Пејзажно искуство“ не е бегство од реалноста, туку е толку е реално што за миг ви доаѓа да побегнете.

– Но, бидејќи љубителите на уметноста секогаш одат во спротивна насока, драго ми е што сме на вистинското место, но во едно неизвесно време. Шлемови, арсен, пеливани…..војни, еколошки катастрофи и таа вечна борба меѓу доброто и злото. Можеби доволна асоцијација на Украина, на КОВИД-19, на опстанок. Дали сме подготвени за ова патување низ уметноста? Ако одговорот е „да“, да тргнеме веднаш, рече Костадиновска-Стојчевска.

Како што соопшти Министертството за култура, директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, која е комесар на проектот што ја претставува нашата држава на светската изложба, ја објасни неговата концепција.

-Преку естетиката на магичните пејзажни креации на еден прекрасен, напуштен и еколошки катастрофално уништен геополитички регион, претставена е токсичноста и разорната моќ на привидната надреална убавина врз здравјето на целиот жив свет, рече Старова-Ќерими.

Посочи дека ова е осмо учество на Националната галерија како официјален организатор од нашата земја на Биеналето во Венеција што, рече таа, претставува гордост, но, и одговорност и предизвик.

– Преку успешноста на овие претставувања, кои на авторите им донесоа нови можности за меѓународна соработка, се потврдува и местото на Националната галерија како една од водечките институции во земјава во областа на визуелните уметности, рече Старова-Ќерими.

Куратори на изложбата се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА во Штутгарт.

Педесет и деветтото Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 23 април до 27 ноември.

Next Post

Најдолгата позната инфекција со коронавирус траела 505 дена

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk