ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

April 26, 2022 09:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК, денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот. Одлуката ќе биде донесена по консултациите што раководството на СОНК треба да ги направи со членството по што од утре се очекува учениците  повторно да се вратат во училишните клупи по двонеделен прекин.

Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабансот на Буџетот. Според Владата, зголемувањето на платите од 12 проценти нема да претставува ризик од дополнителна инфлација и нема да се одрази на нормалното сервисирање на обврските од Буџетот.

На состанокот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министрите за труд и социјална политика и за образование и наука, Јованка Тренчевска и Јетон Шаќири, е договорено и креирање нова методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на годинава, а ќе се применува од 2023 година и ќе биде дел од општиот колективен договор. Како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор ќе биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, којшто ќе почне да се исплаќа од следната година.

Постигнатиот договор го поздравија и од Сојузот на средношколци. Оттаму изразија задоволство што двете страни го го послушале апелот и што постигнале компромис.

Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бараше веднаш зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на останатите плати со минималната плата. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, но овој предлог не беше прифатен од страна на СОНК. /МИА/

Next Post
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров (извор: веб страната на руското МНР)

Лавров: Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна

НАЈНОВО

Фото: Собрание

Средба на Гаши со претставници на ДИК: Повторувањето на изборната постапка во четирите општини ќе биде поизвесно по одлучувањето на ДИК по поднесените приговори

November 6, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте – Силувавте! Карпош го украдовте!

November 6, 2025
Фото: МИА

Милевски: Нашите фудбалери се феномени

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk