ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори

April 29, 2022 12:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата.

Имаме период од шест месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори, рече Битиќи на денешниот панел што се одржа во рамки на форумот организиран по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.

Тој потсети дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.

– Се постигна договор дека ќе има и нивелирање и усогласување на минималната плата, не само во приватниот сектор, туку и во јавниот сектор. Не би било коректно како Влада да кажеме дека можеме да бараме нешто од приватниот сектор, ако ние самите не покажеме доследност во примената на законските решенија. И затоа веќе на првата владина седница откако се усвои Законот за минимална плата донесовме одлука за нивелирање на сите плати во јавниот сектор до ниво на минимална плата и имајќи го во предвид членот 8 од Законот за минимална плата рековме дека периодот на усогласување ќе биде шест месеци. За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието, рече Битиќи.

Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции, Битиќи посочи дека за првпат е воспоставен систем за следење на инфраструктурните проекти којшто ќе треба да помогне да се елиминираат причините за можни пречки при спроведувањето на овие инвестиции.

– Веруваме дека само системското решавање на проблеми е одржливо решавање на проблеми. 30 години независност на оваа држава, а за жал се уште немаме систем којшто треба да осигура дека инвестициите и капиталните инвестиции ќе можат непречено да се реализираат, рече Битиќи.  

Важно, според него, е и инвестирањето во човечките ресурси и во тој контекст спомена дека за првпат по 15 години обучени се 100 службеници од 26 институции за проект-менаџмент и фидик-правила. 

Next Post

Грковска: Владата е особено посветена на транспарентност и отчетност на институциите како сервис на граѓаните

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk