ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Владата е особено посветена на транспарентност и отчетност на институциите како сервис на граѓаните

April 29, 2022 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на Форумот посветен на 100 дена Влада, истакна дека со самиот факт што во Владата има кабинет за креирање на добри политики, говори дека таа е особено посветена на транспарентноста, отчетноста и професионалноста во функционирањето на институциите, како сервис на граѓаните, како и на дигиталната трансформација на општеството.

– Она што е од особен интерес на јавноста е како се трошат буџетските средства. Ги задолживме сите институции на своите веб-страници да ги објавуваат јавните набавки, реализираните јавни набавки, склучените договори и реализираните договори. Со тоа на многу поедноставен начин, секој граѓани кој е заинтересиран, може на едно место многу брзо да ги дознае сите информации кои го интересираат, истакна Грковска.

Таа потенцира дека има уште многу работа за да се постигне целта и нагласи дека планот на Кабинетот за креирање на добро владеење е многу амбициозен.

За дигиталната трансформација на општеството, Грковска ја истакна соработка со Естонскиот центар, заедно со Амбасадата на САД, во насока на изнаоѓање на најдобри решенија за таа намена.

– Почнати се активности, во смисла на креирање на национален план за електронска лична карта и законски решенија кои се неопходни за да може тој процес да се интензивира, рече Грковска.

Таа потенцира дека сите процеси би биле невозможни без соработката со меѓународните партнери, како САД, ЕУ, УСАИД и други. За борбата против корупцијата, вицепремиерката рече дека оствариле партнерски однос со ДКСК, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, како и со граѓанските здруженија, кои имаат иста цел.

Next Post

АмЧам Северна Македонија и АмЧам Бугарија: Креирање погодна средина за бизнисите ја зајакнува соработката помеѓу двете држави

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk