ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити

April 29, 2022 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во март 2022 година и се сведе на ниво од 4,3 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,7 отсто, информира Народната банка (НБ).

– Во март 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 отсто, што претставува месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и годишно намалување од 0,29 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,19 п.п.  и изнесува 0,7 отсто. При тоа просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се намали на месечна и на годишна основа за 0,19 п.п. и изнесува 3,75 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,68 отсто и забележа месечен раст од 0,12 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,08 п.п., соопшти НБ

Во март, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,43% отсто и е пониска за 0,02 п.п., на месечно ниво.

– Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со март минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,27 п.п., посочуваат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, во марто изнесува 3,31 отсто и оствари месечен пад од 0,17 п.п.

– Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п., прецизираат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,94 отсто и е повисока за 0,04 п.п., во споредба со претходниот месец.

– Месечната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишно намалување од 0,21 п.п., велат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,48 п.п. на месечна основа и изнесува 0,77 отсто.

– Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,99 п.п.) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,34 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, во март, изнесува 0,23 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п., истакнуваат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. во однос на февруари и изнесува 5,11 отсто. Според НБ, надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п., на годишно ниво.

Од НБ посочуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во март изнесува 4,47 отсто, што претставува месечен пад од 0,07 п.п.

– Анализирано според структурата, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п.). Во споредба со март 2021 година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,14 п.п., прецизираат од НБ.

Според податоците од НБ, во март, годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 0,68 отсто.

– Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,03 п.п), како и каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Годишното намалување на оваа каматна стапка изнесува 0,18 п.п, велат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во март, како што посочуваат одНБ, изнесува 0,63 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на февруари, што во целост произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,21 п.п.).

– Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула, потенцираат д НБ и додаваат дека  каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п., на годишна основа.

Next Post

Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk