ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Невработеноста во еврозоната во март на најниско ниво од 6,8 отсто

May 3, 2022 14:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на невработеност во еврозоната во март падна на најниско ниво во историјата, на 6,8 отсто од активното население, што е за 0,1 поен помалку од претходниот месец, соопшти денеска статистичката служба на ЕУ, Евростат.

Февруарската стапка, првично објавена на 6,8 отсто, е ревидирана до 6,9 отсто. Од декември, стапката е на најниско ниво од 1998 година.

За целата Европска унија, невработеноста во март исто така достигна историски најниско ниво од 6,2 отсто.

Пазарот на трудот имаше корист од силното закрепнување на европската економија што почна во пролетта 2021 година, по историската рецесија поврзана со пандемијата на Ковид-19.

За една година – од март 2021 до март 2022 година, невработеноста падна за 1,4 поени во еврозоната и за 1,3 поени низ ЕУ.

Подобрувањето е уште поизразено кај младите: стапката на невработеност кај оние под 25 години падна за 4,5 поени во однос на март 2021 година во еврозоната и достигна 13,9 отсто, исто како и во ЕУ.

Сепак, околу 13,37 милиони луѓе се невработени во 27-те земји-членки, вклучувајќи 11,27 милиони во 19 земји од еврозоната.

Војната во Украина фрла сенка врз изгледите за следните месеци, бидејќи изгледите за економски раст во ЕУ се драстично ревидирани надолу, а инфлацијата расте.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната забави на 0,2 отсто од јануари до март, во споредба со претходниот квартал. За цела 2022 година, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за раст на 2,8 отсто, а претходно очекуваше 3,9 отсто.

Меѓу членките на ЕУ, највисоки стапки на невработеност во март имале Шпанија (13,5 отсто), Грција (12,9 отсто) и Италија (8,3 отсто).

Најниска стапка на невработеност имале Чешка (2,3 отсто), Германија (2,9 отсто), Малта и Полска (по 3,0 отсто). /МИА/

Next Post

МВР: Изречени 114 санкции за возачи на мотоцикли

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk