ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Состојбата во Украина дополнително ја стимулира потребата за одржување на цврста соработка со земјите од регионот

May 4, 2022 11:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новонастанатите состојби во Украина, дополнително ги стимулираат и потребите за одржување на цврста меѓународна соработка со земјите од регионот, поради што Република Северна Македонија активно е вклучена и ги поддржува сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот, вклучувајќи ја и безбедноста на целиот Европски континент, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на неговото обраќање за време на конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Атина, во рамките на грчкото претседателство, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот се осврна на влијанието и последиците од руската инвазија во Украина, потенцираше дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, „но во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави“.

-Во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на ЕВРОПОЛ. Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата; зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи; перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик, истакна министерот.

Ги спомена и мерките што Северна Македонија ги презема на национално ниво, објаснувајќи дека од првиот ден на воената агресија во Украина, „отпочнавме со соодветни процеси со цел управување на можниот мигрантски бран од Украина и заштита на лицата кои бегајќи од воените дејствија доаѓаат во Република Северна Македонија и кои немаат можност да се вратат во својата земја“.

Објасни дека мерките и одлуките на Владата не се однесуваат само на лицата кои остваруваат влез и излез на државната граница, туку и на оние кои престојуваат во државата, а за сите државјани на Украина олеснети се процедурите за да можат да поднесат индивидуални барања за признавање право на азил во државата, да побараат регулирање на нивниот престој на основа на хуманитарни причини, а може да им се обезбеди и привремена заштита.


Во обраќањето на министерската конференција објасни дека „безбедноста останува еден од најзначајните параметри за мерење на европската перспектива на земјите од регионот на Југоисточна Европа“.

Министерот истакна дека денес, во услови на динамично живеење, кога на безбедноста се гледа и од воен аспект, имајќи ги предвид странските воени закани и новите облици на загрозување на безбедноста, „исправени сме пред нималку лесна задача –потреба од редефинирање и зајакнување на регионалната соработка, а во исто време водејќи сметка да не се намали ефикасноста на борбата против организираниот криминал, илегалниот миграциски екстремизам и тероризам и трговијата со луѓе. Тоа мораме да го направиме, тоа е во наш интерес“.

-Европските искуства говорат дека најдобар начин за постигнување на овие цели е да се воспостават ефикасни добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка на земјите од Југоисточна Европа. Согласно стратешките интереси за идно полноправно членство во ЕУ и исполнувањето на основните предуслови, Република Северна Македонија ги прифаќа и ги спроведува неопходните чекори на својот европски пат, рече Спасовски.

Објасни дека заради просперитет на регионот „соработката треба да ја разбереме најнапред како сопствена внатрешна потреба“, но и дека самиот тип на нови закани „поуспешно може да се совлада или барем да се намали доколку соработката се остварува преку членство или во содејство со колективните безбедносни системи“.

-Состојбата бара целосна посветеност и будност на сите институции на системот, бидејќи ризиците со кои се соочуваат државите и нивната ранливост се нова можност особено за современите закани како што се организираниот криминал и тероризмот. Организираниот криминал најмногу преку инфилтрација на криминално стекнатиот капитал и коруптивните активности, а тероризмот преку дополнително креирање на страв и паника ја поттикнуваат и ја зголемуваат недовербата на граѓаните во институциите, порача министерот.

На крајот од обраќањето изрази длабоко уверување дека состанокот на министрите за внатрешни работи „ќе создаде можности за нови перспективи и форми на заедничка соработка со единствена цел зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа“.

Министерот Спасовски, на покана на министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос денеска во Атина учествува на Министерска конференција во рамки на претседавањето на Грција со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) – 2021-2022 година.

Во рамки на оваа иницијатива за регионална соработка каде покрај Република Северна Македонија членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија , Романија, Србија, Турција, Хрватска , Црна Гора Словенија и Косово, приоритети на грчкото претседавање со оваа иницијатива се: унапредување на безбедносната соработка; размена на најдобри практики за функционални демократски институции, владеење на правото и човековите права, особено во контекст на европската перспектива на регионот на ЈИЕ; поврзување и одржлив развој; соработка на полето на инвестиции, конкурентност и мобилност; решавање на грижите за животната средина, промоција на одржлив, правичен и зелен раст; осврт на пандемијата COVID-19 и нејзините социоекономски реперкусии.

Next Post

Радев: Европската перспектива на Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел за Бугарија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk