ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со блокада бара предвремени избори, за власта ова во услови на криза е деструкција

Собранискиот спикер Талат Џафери во врска со најавената блокада истакна тој ќе работи според Деловникот.

May 5, 2022 07:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетската и економска криза и војната во Украина ги намалија прогнозите за економски раст, додека мерките за намалување на ценовните шокови отворија потреба од ребаланс на Буџетот. Решението за излез од кризата и власта и опозицијата го гледаат во Собранието – власта со функционален законодавен дом и обединување на сите чинители во општеството во интерес на граѓаните, додека опозицијата со блокада на Парламентот во обид да издејствува предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот за блокада на работата на Собранието од 10 мај, доколку власта не прифати лидерска средба за предвремени избори. Активната блокада, која ја најави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, вчера доби поддршка од Извршниот комитет на партијата, а таа подразбира филибастеринг, илјадници амандмани на секој владин проект, бескрајни пратенички дискусиии, блокирање на работата на комисиите и пленарните седници.

Собранискиот спикер Талат Џафери во врска со најавената блокада истакна тој ќе работи според Деловникот.

-Собранието постапува според Деловникот, ако има амандмани ќе видиме како ќе поминат законите на комисиите, ако има филибастеринг, колку може пратениците да зборуваат, еве 120 пратеници по 10 минути ќе зборуваат. Ќе видиме или ќе се отвори расправа на пленарна седница или не. Јас ќе работам според Деловникот, нема војна да правиме, ќе видиме како ќе тераат. Не само Собранието, треба и други институции да размислуваат за последиците, бидејќи во таков случај не станува збор само за блокада на Собранието, туку и на државата, коментира Џафери.

По завршувањето на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ партискиот потпретседател Александар Николоски изјави дека блокадата ќе трае во континуитет се до промената на власта односно, се до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ бара коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати, како што рече, подадената рака за дијалог и организација на лидерска средба на која ќе се договорат за датум за предвремени избори и ќе се отворат најбитните сектори за кои ВМРО – ДПМНЕ понудила тимови – финансии, здравство, образование и меѓународните односи, европските интерграции и Бугарија.

Мицкоски вчера во Карбинци изјави дека активната блокада на Собранието ќе се спроведува се додека актуелната власт не седне и не се постигне договор за одржување предвремени парламентарни избори.

Тој истакна дека блокадата ќе се однесува на се во Парламентот, освен на оние закони кои се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии.

Од владејачката СДСМ, реагираат дека со ваквите постапки Мицкоски не ги блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните.

– СДСМ останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните, соопшти СДСМ.

Пратеничката од СДСМ Снежана Калеска – Ванчева вчера изјави дека блокадата на Собранието е спротивна на заложбите за владеење на правото.

–Се надевам дека опозицијата сепак ќе го сфати моментот и важноста од донесување на законите потребни за сериозна реформа на правосудството за доброто на нашата држава, рече таа.  

За најавената блокада вчера се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој смета дека блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција, од која во крајна смисла ќе настрадаат граѓаните.

-Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите… Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, порача Османи.

Во меѓувреме во Собранието блокирани остануваат повеќе законски решенија како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата…

Во Собранието вчера се одржа продолжението на 69. Седница, а од собраниската прес-служба информираа дека нова 71. седница е закажана на 10 мај. /MИА/.

Next Post

Ден на македонскиот јазик

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk