ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Сведоштва за тоа што се случи во театарот во Мариупол

May 5, 2022 14:13
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Асошиетед прес објави истрага за влијанието врз драмскиот театар. Агенцијата заклучи дека во Мариупол на 16 март загинале двојно повеќе луѓе отколку што се мислеше – околу 600 луѓе. Сите тие се цивили кои се засолниле во театарот, а зградата не ја користела војската, велат од истрагата, пишува Agents.media.

За време на истрагата, агенцијата разговарала со 23 преживеани и спасувачи од бомбардирањето, анализирала видеа и фотографии, како и плановите на театарот. Сега се објавени и сеќавања на очевидци на настаните.

Изјави на очевидци:

Марија и Галина Кутњаков дојдоа во театарот утрото на 16 март со надеж дека ќе се евакуираат од таму. Велат дека пред тоа шест дена едвај јаделе и пиеле. Според Марија, таа ја напуштила зградата кога видела авиони како летаат од правец на морето и набргу потоа слушнала експлозија. По ударот, девојката видела дека дел од покривот на театарот е на земја, а ѕидот долг еден метар, покрај кој се наоѓала полската кујна, „претворен во прав“.

После тоа втрчала внатре, каде останале нејзината сестра и мајка. Девојчето ја нашло својата сестра во подрумот а нивната мајка сама излегла надвор. После тоа, семејството заедно со уште 50-тина луѓе се засолни во градската филхармонија, која подоцна исто така беше гранатирана. „Не ме убија во театар, но ќе умрам во Филхармонија. Боже, ова е мојата културна програма за тој ден “, се сеќава Марија.

Марија Радионова вели дека била во театарската сала под лустерот со две кучиња. Пред ударот се упатила кон скалите пред влезот на театарот. Во моментот на експлозијата, маж кој бил во близина ја притиснал кон ѕидот и ја заштитил од шрапнели, а потоа ги видела ранетите кои лежеле наоколу. Се урнал подот во театарската сала, а лустерот паднал, во тој момент Радионова сфатила дека и умреле кучињата. „Тие се се што имав. Тоа беше моето вистинско семејство… Плачев таму веројатно два часа“, рече таа.

Викторија Дубовицкаја беше внатре во театарот со нејзината двегодишна ќерка и шестгодишен син. Во моментот на експлозијата, како што вели жената, биле фрлени кон ѕидот, а нејзината ќерка била покриена со ќебиња, кои го спасиле детето. Дубовицкаја го нарекува чудо што нејзината ќерка преживеала.

Дмитриј Јурин, кој живеел во близина на театарот, вели дека во моментот на експлозијата одел по храна и вода. Ударниот бран го соборил, по што истрчал да ги извлече преживеаните од урнатините. „Си ги погледнав рацете и беа облеани во крв до лактот“, вели Јурин. Оние кои успеале да излезат од театарот биле донесени во блискиот парк. Многумина од нив починаа таму.

Во моментот на бомбардирањето, околу 100 луѓе биле во близина на полската кујна пред зградата на театарот. Никој од нив не преживеа, изјавија сите соговорници за АП. Внатре во театарот во просториите имало многу луѓе, на секои 3 квадратни метри простор имало по едно лице. Вкупно, во моментот на ударот во театарот имало околу 1.000 луѓе. Во исто време, како што велат сведоци, виделе дека зградата ја напуштиле не повеќе од 200 луѓе.

Авторите на истрагата заклучија дека не се точни тврдењата на Москва дека драмскиот театар го користела украинската војска. Ниту еден од сведоците не видел војници во зградата. Според двајца експерти за оружје интервјуирани од АП, размерите на уништувањето може да укажуваат на тоа дека бомба од 500 килограми била фрлена врз театарот од авион.

Историја: Ударот врз Драмскиот театар во Мариупол се случи на 16 март. На крајот на март властите во Мариупол известија дека во театарот имало околу 600 луѓе, а 300 од нив загинале.

Во средината на април, експертите на ОБСЕ објавија извештај за воените злосторства во Украина. Организацијата дошла до заклучок дека нападот на театарот го извршила Русија. Руските претставници тврдеа дека зградата била бомбардирана од украинскиот баталјон Азов, но мисијата на ОБСЕ не најде потврда за овие тврдења.

Превод: Жорж Димовски 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот Зеленски

Зеленски жали за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

    Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk