Времето во земјава ќе биде променливо облачно, на повисоките места и на планините во западните делови со повремен слаб снег. Ќе дува слаб, кон крајот на денот долж Повардарието и умерен северен ветер.
Дневната температура ќе се движи од два до седум степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до четири степени.