ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТИРЗ воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет во работата

May 15, 2022 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) информира дека го имплементираше Меѓународниот стандард за спречување корупција ИСО 37001:2016, со што стана една од првите државни институции со интегриран систем за антикорупција, јавува МИА.

– Воведувањето на овој меѓународен стандард овозможува имплементација на соодветни механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки за борба против корупцијата, се наведува во соопштението на Дирекцијата.

ТИРЗ го воведе и Системот за управување со квалитет во работата согласно меѓународниот ИСО 9001: 2015 стандард кој треба да ја унапреди работата на Дирекцијата со цел намалување на трошоците и поголема ефикасност.

– Со стандардизацијата целта е воведување на политика на нула толеранција за мито и корупција. Ова е важен елемент во привлекувањето на странски инвестиции со повисок квалитет кој е клучен во новиот концепт на ТИРЗ. Доброто владеење во секоја организација вклучува демонстрација на одговорност и воспоставување на стандарди со кои ќе се унапреди системот на функционирање и ќе се зголеми квалитетот на работата и услугите. Сертифицирањето е спроведено на наша иницијатива и е чекор кој верувам дека ќе придонесе кон зголемена доверба во институцијата. Интегритетот, транспарентноста и борбата против корупцијата се наши основни вредности врз кои се темели и новиот концепт, изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Од Дирекцијата посочуваат дека со воведувањето на ИСО стандардите за квалитет и антикорупција се дефинираат внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.

– И двата воведени стандарди ги вклучуваат и вработените и ангажираните лица во ТИРЗ, нивната одговорност и работа како и примена на принципите дефинирани во политиките на Дирекцијата. ИСО стандардот против корупција дава насоки за функционирање на системот за управување кој е така дизајниран за да и помогне на организацијата да го спречи, открие и реагира на поткуп и да се усогласи со законите против поткуп и доброволните обврски применливи за нејзините активности. ИСО стандардот за квалитет пак меѓу другото треба да придонесе кон рационално искористување на времето и ресурсите, унапредување на квалитетот на услугите, зголемена работна способност и продуктивност како и оптимизација на постоечките процеси, се додава во соопштението.

Процесот на стандардизација се одвивал во изминатите девет месеци, а компанијата Контролцерт, која го спроведе, на годишно ниво ќе ја проверува имплементацијата на стандардите и ќе дава соодветни препораки за понатамошно унапредување на работата на ТИРЗ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Справување со кризата, продолжување со реформите и одржување на растот

НАЈНОВО

Мицкоски од Прилеп: Време е на работа, чест и на резултати, им ја враќаме надежта на граѓаните

October 12, 2025

Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

October 12, 2025

(ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk