ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Берлин: Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата

May 15, 2022 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата, а ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера и денеска учествуваше на неформалниот НАТО министерски состанок во Берлин, информира МИА.

Како што соопшти МНР, во фокус на состанокот во Берлин беа актуелните безбедносни состојби по руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците и идната одбранбена поставеност на НАТО. Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се осврнаа на подготовките на новиот Стратешки концепт на Алијансата, претстојниот самит на НАТО во Мадрид и очекуваните резултати од него.

Во рамки на состанокот, учествуваа и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска кои ги информираа НАТО сојузниците за најновиот развој на настаните во двете земји и динамиката на носење одлуки и правци на делување во контекст на можните аспирации за нивно членство во НАТО.

-Северна Македонија како најнова членка на НАТО ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата. Аспирациите на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, се важен чекор за зачувување на трансатлантската стабилност. Сегашната геополитичка средина го турка Западен Балкан исто така високо на агендата. Регионот е неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура. Во овој контекст би сакал да повторам дека перспективите на ЕУ на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, истакна Османи.

На маргините на состанокот, министерот Османи одржа билатерални средби со неговите колеги од Украина, Дмитро Кулеба, Црна Гора, Ратко Кривокапиќ и од Холандија, Вопке Хоекстра.

Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Зеленски: Се бориме за среќна и мирна иднина на милиони украински семејства

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk