ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите

May 19, 2022 10:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од четири отсто во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50 отсто, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

Таа во интервју за „Утрински брифинг“, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергенсите и на храната, односно на увезената инфлација, а, како што вели, најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу три отсто следната година.

Во однос на покачувањето на проекцијата за стапката на инфлација за годинава во априлските проекции на Народната банка, вицегувернерката истакна дека ова е глобален тренд, како и дека истите заеднички фактори влијаат врз циклусот на инфлација кај сите земји.

-Речиси и нема земја во којашто нема раст на инфлацијата. Десет проценти во просек е инфлацијата во регионот за март, околу 11 отсто во април, а има земји кои што се значително над просекот. Има заеднички фактори коишто влијаат врз циклусот на инфлацијата во сите земји во светот, особено во Европа. Минатата година тоа беа ефектите од пандемијата, забавените синџири на снабдување, растот на трошоците за транспорт, нарушените синџири, поточно несовпаѓањето на понудата и побарувачката. На ова се надоврза растот на цените на енергентите, особено на струјата, кон крајот на минатата година, како резултат на агендата за зелена транзиција, а потоа овие проблеми се продлабочија уште повеќе со руско-украинскиот конфликт, што неминовно доведе до подигнување нa ценовното ниво кај сите овие производи. Ова се глобални заеднички фактори, коишто влијаат врз инфлацијата, нагласува вицегувернерката Митреска.

Таа додава дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4 проценти, половината е резултат на растот на цените на храната.

-Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента. Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал, посочи вицегувернерката Митреска./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Германскиот канцелар идниот месец во посета на Западен Балкан, со порака дека регионот припаѓа во ЕУ

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk