ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Белата патека од авионите не е составена од боеви отрови

May 19, 2022 18:31
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е уште една од серијата објави кои ја шират теоријата на заговор позната како „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со отрови.  Притоа за вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се тврди дека се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови и се особено видливи на ведро и сончево небо како што беше во изминатите неколку денови, пишува Вистиномер.мк.

Сончевото и ведро небо повторно ги разгоре теориите на заговор дека авиони се користат да го прскаат населението со отрови, и тие теории повторно масовно се шират на социјалните мрежи. Таква објава е и Фејсбук објавата која што е предмет на оваа рецензија. Во неа се тврди дека авионите нè прскаат со боеви отрови од коишто заболуваат дишните органи. Ова е невистина.

13.05.2022

СКОПЈЕ

ПО 30 АВИОНИ ДНЕВНО(КЕМТРЕИЛС).

БОЕВИ ОТРОВИ- САРИН,РИЦИН.

ЗАБОЛУВААТ ДИШНИ ОРГАНИ.

 

На објавата e прикажана фотографии на кои се гледаат бели траги од авиони, а во поголемиот дел од речиси 100 коментари кои ги има оваа вирална објава, корисниците споделуваат слични такви фотографии од повеќе различни градови во светот, со кои што покажуваат дека се согласуваат со напишаното и дека веруваат во оваа теорија на заговор дека авиони го прскаат населението со отрови.

Тимот на „Вистиномер“ неколкупати досега пишуваше дека белите траги од авионите не значат дека населението го прскаат со отрови, ниту пак, значат дека авионите прскаат со коронавирус како што се тврдеше многупати досега.

Оваа теорија на заговор е позната како „кемтрејлс“ и стара повеќе од две децении. Оваа невистинита и заснована на дезинформации теорија, го преставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.

Оние кои веруваат во оваа теорија на заговор сметаат дека штом патеката е подолго време видлива мора да содржи некакви опасни дополнителни супстанции. Според ваквите верувања нормалната трага од авионот треба брзо да се распрсне, така што облаците кои не исчезнуваат веднаш мора да бидат полни со дополнителни, неоткриени супстанции, во случајов беови отрови како сарин и рицин.

Со оваа шпекулативна теорија се тврди дека ова хемиско прскање се случува за повеќе цели, како контрола на сончевото зрачење, модификација на временските услови, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошка или хемиска војна, тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популација, како и дека патеките предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови и се особено видливи на ведро и сончево небо како што беше во изминатите неколку денови.

Група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази за тоа дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци.  Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот е патека која настанува од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.

Саринот, што се спомнува во објавата и се поврзува со авионите, е нервен гас односно хемиско оружје кое што дава симптоми кои главно се манифестираат врз нервниот систем во вид на тремор, конвулзии/грчеви, како и мускулна парализа, а не со болести на дишните патишта како што се тврди во објавата.

Доколку авионите навистина прскаат со сарин, огромен дел од населението ќе беше затруено, со голем број на симптоми кои што се различни од заболувања на дишни патишта, но и ќе имаше голем број на смртни случаи со оглед на тоа дека овој нервен гас е многу смртоносен.

Иста е ситуацијата и со рицинот кој исто така се спомнува во објавата. Рицинот е многу токсичен ако се вдишува, инјектира или проголта. Во низата комплексни симптоми се отежнато дишење, треска, кашлица, гадење,  стегање во градите, силно потење, повраќање и дијареа, крв во урината.

Оваа невистинита и нелогична објава има за цел преку измислици и теории на заговор да го заплашува населението дека може да биде отруено со многу токсични супстанци само затоа што на небото летаат авиони.

Next Post

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk