ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Капитални инвестиции со ребалансот од 32,2 милијарди денари, намалени се за шест милијарди денари

May 21, 2022 13:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со  ребалансот на Буџетот капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари, за околу 6 милијарди денари помалку во однос на планот за 2022 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска образложувајќи го ребалансот нагласи дека капиталните инвестиции за оваа година остануваат на рекордно ниво и со оваа сума, односно тaа е за 8,8 милијарди денари или 37,8 проценти повисоко во однос на минатата година  и за 16,1 милијарди денари, односно два пати повисоко во однос на 2020 година. Механизмот КАПЕФ, како што рече, функционира, се следи будно реализацијата и онаму каде има послаба динамика на реализација се одземаат средствата.

-Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура, на Коридорот 8: проширување на автопат Тетово-Гостивар,  изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делница Гостивар-Букојчани, делницата Ранковце-Крива Паланка и Крива Паланка до границата со Бугарија, како и западниот дел од патниот Коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево-Букојчани и делницата Кичево-Охрид, информира министерот.

На Коридорот 10 е планирана делницата Прилеп – Битола. Дополнително, JПДП ќе изготви физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен. Исто така, со кредитни средства предвидена е изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце (граница со Косово), подобрувањето на патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија преку Проектот за поврзување на локални патишта.

-Во делот на железничката инфраструктура, планирано е финансирањето на трите фази од изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга – Коридор 8, како и Проектот изградба на железничка пруга Кичево – граница со Албанија. Воедно, планирана е изградбата на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија која ќе се финансира со заем и грант средства од WBIF (Инвестициска рамка за Западен Балкан), рече Бесими.

Во областа на гасификацијата, предвидена е изградба на магистралните гасоводи делница Скопје-Тетово, Гостивар – Кичево и делница Свети Николе – Велес, како и на интерконективните гасоводи со Косово, со Србија и со Грција.

Предвидена е изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на фискултурни сали во средните училишта, реконструкција на студентски домови, додека во делот на општинската инфраструктура се финансираат два големи капитални проекти: Проектот за подобрување на општинските услуги и Проектот за  енергетска ефикасност во јавниот сектор. Планирани се и повеќе капитални проекти од комуналната инфраструктура.

Капитален проект вп животната средина е  изградбата на Пречистителна станица за отпадни води Скопје, како и станиците за цврст отпад во Полошкиот, Југозападниот, Вардарскиот, Пелагонискиот регион, Југоисточен регион и Скопскиот регион./МИА/

Next Post

Бочварски: Општините сами може да изработат планови за Охридското крајбрежје согласно ГУП-овите и УНЕСКО

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk