Јас и СДСМ сме тука да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе живее и ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ, европски фондови, странски инвестиции, работни места, добри плати, соработка со соседите и заштитен македонски идентитет. Тоа ќе биде така бидејќи ако нема Преспа – нема иднина, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ Зоран Заев, како вовед за видео клипот од денешната прес-конференција.
„Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции. Без договор од Преспа, ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти“,истакна на прес-конференцијата Заев.