ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски и делегацијата на Северна Македонија присуствуваше на молебенот во чест на мисијата на Светите Кирил и Методиј

May 24, 2022 11:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и владината делегација во состав Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Мартин Попов, шеф на Кабинет на Претседателот на Владата, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичката епархија на Католичката црква, денеска, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод 24 Мај – Денот за сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, како и амбасадорите на нашата земја во Ватикан и Италија Марија Ефремова и Весел Мемеди, учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим, информираат владините служби.

Со црковната служба, молебен во чест на Свети Кирил, началствуваше митрополитот европски Пимен, во сослужение со митрополит Јосиф, по што беше одржана беседа за црковното дело на Свети Кирил и за неговиот брат Свети Методиј.

Молебенот во црквата Сан Клементе во Рим, во која почиваат светите мошти на Свети Кирил, е  традиционална активност во рамките на активностите на нашата земја со која секоја година се одбележува просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј.
Со одбележувањето на денешниот празник и искрената почит кон големите браќа Свети Кирил и Методиј, нашата земја го одржува континуитет на просветителската светлина која исполни една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, а посебно во историјата на Северна Македонија.
Next Post

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk