ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Датумот за почеток на преговорите со ЕУ не зависи од Владата

May 27, 2022 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека во ниту еден момент не се врзал за одреден датум за преговори, оти почетокот на преговорите со ЕУ не зависи од Владата, туку од решавањето на отворениот спор со Бугарија и одлуката на 27-те членки на ЕУ.

– Уште во експозето за формирање на оваа Влада, јас ниту во еден момент не се врзував за датум за почеток на преговорите, бидејќи тој датум не зависи од нас, туку од две страни, оти имаме отворен спор со Република Бугарија, која стави вето на почеток на преговори. И нормално, зависи од одлуката на ЕУ, односно од сите 27 членки. Така што, функционирањето и работата на една Влада, не може да се врзува со еден датум, којшто е како некоја отсечка во текот годината, потенцира Ковачевски.

Тој рече дека предолго време сме биле заложници на датуми, кои не зависеле од нас.

– Ако ги погледнете извештаите за Република Северна Македонија, ќе видите дека имаме четири последователни позитивни извештаи. Доколку го погледнете усогласувањето на нашето законодавство со европското, како и усогласеноста по различните поглавја, многу јасно се забележува дека земји кои преговараат и по 10 години, имаат помала усогласеност од нашата држава, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека нема информација за коалициски совет на бугарската владина коалиција што вечерва се одржува во Софија и на кој, според најавите, главна тема ќе бидат односите со земјава, повторувајќи дека засега нема договор со Бугарија.

– Како што информиравме со бугарскиот премер Петков по состанокот во Рим, сè уште нема документ прифатлив за двете страни, кој може да биде основа за отпочнување на преговорите со ЕУ, односно на кревање на ветото од страна на Бугарија, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека Владата е стабилна и има 64 пратеници и работи на реализација на владината програма, во делот на справување со енергетската криза, подобрување на животниот стандард на сите граѓани, како и реализација на големи инфраструктурни проекти./МИА/

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција Османи и Кулеба

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk