ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост ги поврзуваме Кичево и Дебар со албанската граница за побрз економски развој

May 28, 2022 11:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вчера при посетата на Мавровскиот регион направи увид на делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри. Со овој пат ќе се овозможи целосно подобрување во врските меѓу Кичево, Дебар и албанската граница што значи побрзо и непречено одвивање на сообраќајот во југозападниот плански регион, при што ќе се скрати времето на патување меѓу Кичево и Дебар.Премиерот Ковачевски истакна дека овој патен правец е значајна врска со Дебар и до границата со Република Албанија.

„Патот има посебно значење за регионот, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа е нашиот примарен фокус. Со подобри услови во патната инфраструктура да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот.



Нема да има застој во изградбата на патиштата. Тие се од првенствена важност. Развојот на економијата е секогаш побрз со развиена патна инфраструктура.

Без разлика на кризата остануваат инвестициите во патната мрежа.

Го следиме и остваруваме планот. Од 2017 година изградивме и обновивме повеќе од 1.000 километри патишта. До сега вредноста на овие инвестиции достигна над една милијарда евра.

Посветени сме на изградба на модерна и безбедна патна инфраструктура и реконструкција на останатите патни правци во државата.

Економската криза со која се соочуваме налага уште поголем фокус и побрза реализација на капиталните инвестиции. Добро е познато дека во криза најважно е да се вложува токму во инфраструктурата, бидејќи градежништвото е мотор на економијата. Затоа како Влада сме фокусирани за уште поголема ефикасност во реализација на инфраструктурните проекти.

Инфраструктурните капитални инвестиции помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и да се зголеми квалитетот на живот на граѓаните.

Северна Македонија се гради и поврзува, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени.

Остануваме посветени на реализацијата на изградба и модернизација на патната мрежа во земјата како мерки што обезбедуваат развој“, заклучи премиерот Ковачевски.

Next Post

„Тиквеш” почна да потпишува договори со лозарите за откуп на грозје

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk