ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Радев и Петков на средба со Макрон за повлекување на бугарското вето за земјава

May 31, 2022 11:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, заедно со претставник на бугарското Министерство за надворешни работи, наскоро ќе заминат во посета на Париз на средба со шефот на француската држава Емануел Макрон, кој ќе им презентира предлог за укинување на ветото на Софија за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, објави БГНЕС, повикувајќи се на извори во партиите членки на бугарската владина коалиција.

Според изворите на бугарската агенција, за оваа посета биле информирани на седница на Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија, одржан во петокот, на која главна тема беа односите на Софија со земјава.

На седницата на Советот, претставник на бугарската Влада информирал дека од Софија добила ветување од Париз дека „сите бугарски барања ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Северна Македонија и дека нивното спроведување ќе го гарантира лично Макрон“.

– Ова во пракса значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да западнеме во децениски спор, бидејќи секоја од земјите членки ќе може да блокира каква и да било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор, а ние не сакаме турска варијанта, изјавила еден од изворите на БГНЕС, учесник на седницата на Советот.

Според друг учесник на седницата на Советот, францускиот план содржи предлози кои не се целосно јасни и воопшто не е сигурно дека Европската комисија може да даде гаранции за нивно спроведување во иднина.

Изворите посочуваат дека Франција инсистира на ваквото решение „поради желбата на Украина да започне преговори за членство во ЕУ“, а би претставувало многу лош сигнал ако Киев добие покана, а Северна Македонија и Албанија продолжат да чекаат. Планот на Макрон мора да биде готов пред заседанието на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ, но претходно треба да биде одобрен од бугарското Министерство за надворешни работи, посочува изворот.

– Бугарија многу повеќе од самата РСМ, а да не зборуваме за Франција, која прва ја блокираше РСМ, сака властите во Скопје да започнат преговори за членство во ЕУ. Решението е можно и може да се најде многу брзо, доволно е да постои минимална волја од страна на делегациите на двете министерства за надворешни работи, додава еден од изворите на БГЕНС./МИА/

Next Post

Пендаровски: Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk