ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Собранието расправа за предлог-закон за финансирање од ЕБОР проект на ЕСМ за соларни фотоволтаици

May 31, 2022 19:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците попладнево расправаа за Предлог-законот за гаранција на земјава на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕСМ во државна сопственост, по скратена постапка, во рамки на 54-та седница, јавува МИА.

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ рече дека има криминал во најава од пет милиони евра, а владејачката структура забрзано и сигурно сака да украде се и да уништи се од АД ЕСМ. Според него, АД ЕСМ од независноста на државата се до 2017 година, сè додека не ја преземало СДСМ, беше најголемото државно претпријатие, гигант со остварени добивки секој месец.

Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска рече дека со проектот на ЕСМ ќе се инсталира моќност од 30 мегавати, а моментално РЕК Битола и Осломеј имаат инсталирано моќност повеќе од 700 мегавати. Таа праша што ќе се прави со разликата од 670 мегавати и рече оти таа сигурно ќе биде надокнадена со увоз.

– Велите ова е прв чекор на транзиција. Но, таа треба да е добро осмислена. Но, вие не знаете така да работите, не планирате, рече Стаменковска Трајковска и додаде дека такви примери на избрзана транзиција има многу, како на пример проектот во образованието за дигитализација на учебниците.

Стаменковска Трајковска потсети дека за проектот за фотоволтаици, за кои сега Собранието треба да донесе закон, се зборува од 2019 година.

– Според првичното најавување на Заев, наместо сега да се сече лента и прогласи старт на производство на струја, повторно се најавува нова соларна централа на местото на поранешниот рудник, рече Стаменковска Трајковска.

Пратеникот Панчо Минов во реплика рече дека гледачите не можат да разберат за што зборува пратеничката Стаменковска Трајковска.

– Вие не кажавте дека сега носиме закон со кој со кредит од Европската банка за обнова и развој се финансираат две фотоволтаични централи од 10 и 20 мегавати, со 20 милиони евра кредит и пет милиони грант. Треба да се исплати за 20 години, со две години грејс период, со поволна камата од еден процент и со само еден процент провизија за банката, истакна Минов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека пратениците од владејачкото мнозинство немаат аргументи да ја бранат власта, кога се најавува ново поскапување на струјата од 10 проценти.

– Поскапува струјата затоа што не се произведува. Ве повикувам да прочитате колку се произведувало струја пред 10 години, а колку сега. Она што треба да направите е треба да го покачите производството и да не увезувате струја, потенцира Стојановски.

Претходно, пред паузата, со 90 гласови „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска во рамки на 64-та седница го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, со кој е предвидена бесплатна „зелена нафта“. Предлагачи на законот се група пратеници од владејачкото мнозинство.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски во 18 часот ја прекина 54 седница и за утре во 12 часот најави нејзино продолжување. Освен 54 седница, за утре тој ги закажа и продолженијата на 39 71 и 69 седница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тупанчески на СЕФФ 2022: Оваа година треба да се случи ренесанса на правосудството

НАЈНОВО

Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

October 22, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Без доминација и без јасна стратегија – албанскиот политички блок на раскрсница

October 22, 2025
Фото: Скриншот

Вонредно обраќање на Вучиќ по инцидентот и пожарот пред Собранието

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk